Што е Линукс?

 

Линукс е проект создаден во Народна Техника, кој има за задачи дел од младинците кои се членови на Народна Техника да ги упати во оперативниот систем Линукс, кој на нашиве простори се јавува како нов Оперативен Систем. Покрај самиот оперативен систем тука се изучуваат и останатите негови алатки, како и многубројните софтверски реализации од кои може да се издвојат OppenOfiice.org, графичките околини Gnome и КDE, текст едиторот KATE и многу други.

Овој проект во рамките на Народна Техника започна во ноември 2002 година со техничка поддршка од организацијата GGBS и нивниот застапник за Македонија Heinz Spiess, кој несебично финансираше и се залагаше за извршување на овој проект.

Во рамките на овој Линукс проект, Народна Техника соработува со повеќе членови на невладината организација Слободен Софтвер од Скопје, кои исто така се занимаваат со овој за нас нов Оперативен Систем.

Линукс групата во Народна Техника, моментално брои околу 10 члена, но се повеќе и повеќе се забележува зголемен интерес за приклучување и на нови членови.

Овој проект ги следи и најновите достигнувања во компјутерската технологија, преку интернет поддршката и соработката со останатите организации.

Во рамките на развивањето на овој проект во Македонија објавена е и македонска верзија на пакетот OppenOffice.org, кој е достапен и во Народна Техника.