КРУШЕВО

 

Уште  поодамна еден познат патеписец рекол: “Оној што еднаш ќе го посети Крушево, бездруго ќе посака пак да престојува во него”. И навистина, Крушево со сите свои убавини, е град што пленува. Сместен на надморска височина од 1300 метри, обиколен од три страни со букови и борови шуми, град со прекрасна староградска архитектура и безброј историски паметници од времето на Илинденското Востание, Крушевската република 1903 и НОБ, со дрворез во црквата СВ. Јован, богат со икони на крушевските зографи и дела на познатиот македонски сликар Никола Мартиноски, најпосле украсен со импозантниот споменик Илинден – Крушево е навистина редок град, град музеј.

Амфитеатрално поставено Крушево дава инзвонредни можности како за летен, уште повеќе за зимски туризам со инзвонредни можности за лов на крупен дивеч.

Езерото покрај Крушево уште повеќе го збогатува неговиот и онака богат амбиент.

Сонцето го грее Крушево просечно 2300 часа годишно, со просечна температура од 22,50 С. Преку зима температурата е околу –30 С и паѓаснег просечно 43 дена во годината, со височина на снежната покривка до 150 центиметри, кој се задржува и до доцна пролет. Крушево покрај другото, претставува и воздушна бања, како и мошне познат зимски спортски центар во кој се одржуваат повеќе спортски скијачки натпревари. Посебна атракција претставува скијачката патека за ноќен слалом, додека пак жичарницата и ски-лифтот го прават скијањето поубаво и попријатно.

Ако сакате да разгледате некои слики од Крушево кликнете тука!